KasaPopara

F1,Music,Software,Clips,Fun,Games & Everything What You Need
 
HomeCalendarGalleryПрашања/ОдговориБарајРегистрирајте сеЧленовиЧленски групиВлез

Share | 
 

 Makedonskite Hakeri im vratija na bugarskite

Go down 
АвторПорака
Admin
Admin
Admin
avatar

Male
Број на мислења : 181
Localisation : In The Middle of Nowhere
Registration date : 2007-06-22

ПишувањеПредмет: Makedonskite Hakeri im vratija na bugarskite   Пон Jул 30, 2007 10:16 pm






Македонски хакери го нападнаа официјалниот веб-сајт на бугарскиот
претседател Георги Прванов, како одмазда за хакерите што на 21 јануари
поставија текст на бугарски јазик на страницата на македонскиот
претседател Бранко Црвенковски.

„Имаме силни докази дека нападот
врз македонскиот претседател беше план, нарачан и платен од бугарската
влада, а го изведе хакерската група ТИМ ЛЗО. Трансферот на парите е
направен преку „Прва карипска банка“, а крајната дестинација на парите
е во Лос Анџелес“, пишува во текстот објавен на сајтот на бугарскиот
претседател под кој е потпишана групата Македонски обединети сили.

Во
директното писмо до Прванов тие се извинуваат за криминалниот упад на
веб-страницата, велат дека на тоа биле присилени и дека се подготвени
да војуваат на сите фронтови во „виртуелно и реално време“.

Хакерите
му порачуваат на бугарскиот претседател дека ова може да заврши ако
бугарската влада ја запре војната на Интернет што таа ја почнала.

„Ако
ова писмо не го сфатите сериозно и нападите не престанат, имаме моќ и
ресурси да го кренеме ова на повисоко ниво. Тоа значи дека бугарските
компании нема да имаат сигурен бизнис во Македонија, бугарските
дипломати ќе бидат напаѓани и дури убиени, а бугарската амбасада
уништена“, се закануваат хакерите.

Пред неполн месец бугарските
хакери на сајтот на Црвенковски поставија текст насловен со бугарското
национално мото „Во обединувањето е силата“. „Велите дека се стремите
да влезете во ЕУ, а во исто време продолжувате со некакви глупави лаги.
Не заборавајте дека соединувањето не прави посилни. Да не ве
потсетуваме во иднина на ова“, му порачаа бугарските хакери на
Црвенковски.

Текстот на страницата на Црвенковски беше поставен
на бугарски јазик. Македонските хакери му пишаа на Прванов на англиски
јазик.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://rapidnet.macedonianforum.net
 
Makedonskite Hakeri im vratija na bugarskite
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
KasaPopara :: KasaPopara :: Napisi i Novini na KasaPopara-
Отиди до: